Ослабете и одржувајте ја линијата со само едно правило

Доколку се борите со вишокот килограми, единственото нешто што треба да го направите е да јадете храна која ќе ве одржува сити со часови. Ова е теорија на др. Лоренс Бут и професорот Роднеј Билтон, авторот на книгата „Know what to eat“.
Тие велат дека во модерното време луѓето се хранат со намирници кои не се добри за човечкиот систем за варење. Преработената храна која е полна со вештачки додатоци не му годи на нашиот дигестивен систем. Денешниот човек внесува во организмот премногу јаглени хидрати, а малку се движи и не ја согорува енергијата добиена од храната.

Научниците советуваат во исхраната да воведете што повеќе белковини и добри масти, бидејќи таквата храна подолго се вари, па со самото тоа го одржува организмот сит подолго време.
Кои намирници се богати со белковини?
-Намирници од животинско потекло: месо, риба, млеко, млечни производи (сирење, кашкавал, кајмак, јогурт, кисело млеко, павлака, сладолед…) и јајца.
-Намирници од растително потекло: житарки, производи од житарки, компир и мешункаст зеленчук (грав, грашок, боранија, соја…).