Занимливости

КУРКУМА: Природен лек против воспаленија, одличен за превенција и лекување рак

Американската докторка, Каролин Андерсон, на јавноста ѝ понуди еден многу едноставен рецепт со кој се намалуваат воспалителните процеси во телото, а според неа и се спречува појавата на ракот. 

Станува збор за смеса од три лесно достапни состојки. Овие сознанија, како што раскажува Андерсон, се засноваат на две илјадигодишната традиција на користење на овие состојки во источна Индија, а кои се потврдени со најновите медицински истражувања и студии во западната медицина. Андерсон предупредила дека ако се користат овие три состојки секојдневно, речиси нема шанси да добиете рак.

Рецептот е следиот: Измешајте 1/4 кафено лажиче куркума со 1/2 кафено лажиче маслиново масло. Во тоа додадете малку свежо мелен бибер. Овие три состојки измешајте ги во шолја.

Вака приготвената смеса може да се консумира директно, но може и да се користи како додаток на разни јадења, супи и на салати. Единствено на што треба да се внимава е доколку ги користите во готвени јадења, да не бидат преварени, па затоа додавајте ги на самиот крај на готвењето. Ако ги консумирате директно, можете да ги помешате со малку вода. 

Фото:Popsugar

Фото: Popsugar

Но, што точно го спречува ракот и ширењето на ракот? Одговорот на ова прашање оваа доктрока го дала на својот блог.

Молекулите во куркумата што го предизвикуваат овој противвоспалителен ефект се нарекуваат куркумин. Најновите студии откриваат дека куркумата спречува појава на неколку видови рак: рак на дебелото црево, простата, мозок, дојка. Експериментите правени на глувци покажале дека без разлика колку биле изложени на канцерогени хемикалии, кај оние глувците кои користеле куркума спречено било развивање на многу видови рак. Поради тоа, идеална комбинација за лкување и превенција на рак е куркума во комбинација со бибер или ѓумбир. Биберот согласно истражувањата ја зголемува делотворноста на куркумата дури за 200 проценти – вели Андерсон.

Андерсон уште нагласила како за успешна превенција на рак, но и за уништување на ќелиите на ракот, потребно е оваа смеса да се користи секој ден во повеќе наврати.

– Користете ја што е можно почесто – вели Андерсон и додава како оваа смеса, односно природен лек против ракот нема нуспојави.

(Телеграф.мк/Извор: Дневно.хр)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button