Занимливости

Сексуални совети од 1894 година кои ќе ве остават без текст!

Кога Рут Смитерс ја напишала книгата „Сексуални совети за сопружници“ во 1894, најверојатно имала многу сериозна намера, но денес нејзините совети изгледаат смешно.

Советите за интимната врска доаѓаат од конзервативна жена која се фокусира на „страшното искуство, наречено секс“ и која најверојатно би се онесвестила кога со временска машина би добила денешен магазин со совети за секс. 

Писателката ги предупредува младите жени за сè она што ги чека на првата брачна ноќ. Таа советува дека младите невести треба да се однсеуваат остро и дека не треба често да го повторуваат овој чин. 

Следуваат неколку од нејзините совети, кои вчудоневидуваат со пристапот кон сексот: 

 

1. Паметна жена никогаш нема да дозволи сопругот да ја види без облека, ниту пак ќе се доведе во ситуација таа да го види својот сопруг без облека. Доколку не можете да го избегнете односот, имајте секс во потполна темница. 

2. Жената треба да лежи без да го мрда телото, бидејќи оптимистичниот маж секое нејзино движење во текот на сексуалниот однос може да го сфати како нејзино задоволство од сексуална природа.

3. Мажите се по природа перверзни суштества. Ако им дадете каков било знак тие веднаш ќе одговорат на него. Тоа значи дека може да се случи нормален однос во ненормални позиции. 

4. Жените за спиење облекуваат ноќница од груб памук, а за мажите спремаат пижами. Облеката за спиење облечете ја во различни простории. Таа не смее да биде соблечена за време на сексуалниот чин. Така минимален дел од кожата ќе биде изложен на погледот на сопругот. 

5. Кога мажот ќе го заврши чинот, мудрата жена мора да започне со „дрдорење“. Се работи за ситници кои тој самиот мора да ги направи. 

6. За време на односот жената да биде или потполно тивка или константно да зборува за домашните обврски. Нека лежи мирна и нема да оддава никакво знаци на задоволство. 

7. Паметната жена секогаш пронаоѓа нов и подобар начин за да го избегне водењето љубов во секоја прилика. 

 

 

8. Доколку сопругот се обиде да ја бакне сопругата во уста, жената мора да најде начин да го избегне тоа и да му даде ја бакне во образ. 

 

9. Доколку мажот се обиде да ја крене ноќницата на сопругата и да ја бакне на некој дел од телото, таа мора брзо да реагира, да ја спушти и намести ноќницата токму онака како што треба да стои, и да се извини бидејќи мора да оди во бањата. 

10. Со текот на времето, мажот треба да научи дека кога ќе инсистира на секс, мора тоа да го започне без какви било гестови како што се, на пример, бакнежите.

 

Подготви: К. А.

 

 

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button