Занимливости

Кастратовиќ: Со агресивна игра до победа над Будуќност

ЖРК Вардар и Будуќност ќе го одиграат дерби мечот, кој ќе се одигра во рамките на петтото коло во Лигата на шампионките. Победата над Подравка во минатото коло ја подигна самодовербата, а двата порази од Будуќност кои се забележани во изминатите шест месеци, ќе бидат дополнителен мотив за вардарки да одат на победа.

Инаку во пресрет на меѓусебниот дуел и двете екипи веќе си обезбедија место во следната натпреварувачка фаза во Лигата на шампионките.

„Прв прес на кој не морам да кажувам дека одигравме лошо. Се надевам дека девојките од натпревар во натпревар ќе бидат уште подобри. Ние во овој момент максимално се подготвуваме за Будуќност, екипа која е втора од последниот Фајнал Фор. Мислам дека ќе излеземе со желба за надигрување и дека конечниот резултат ќе биде наша победа“, рече Индира Кастратовиќ тренерот на ЖРК Вардар.

„Будуќност игра малку исклучително агресивно во одбраната, моите девојки можеби не се навикнати на таква груба игра, нашиот дуел во Будимпешта не беше ракомет туку рагби. Се подготвуваме за сите нивни акции и се надевам дека моите девојки сфатија дека не треба да дојдат тие тука и да не ‘истепаат’, туку дека и ние можеме да одиграме цврсто и агресивно“, дополни Кастратовиќ.

За овој натпревар во тимот ќе ја нема само Јулија Николиќ, која се здоби со повреда на мечот со Подравка, додека останатите ракометарки се здрави и подготвени за мечот. Инаку во тимот на Будуќност ќе ја нема Катарина Булатовиќ која на последниот тренинг го повредила зглобот.

„Од натпревар во натпревар ја подигнуваме формата. Само ќе треба да одиграме добро во одбраната и да ги намалиме техничките грешки во нападот. Првиот натпревар во Подгорица ние не одигравме како што треба, тоа ни беше прв пат да играме заедно, а знаеме дека е тешко да се игра во „Морача“. Мислам дека сега ќе биде многу подобро“, рече Барбара Лазовиќ ракометарката на ЖРК Вардар.

Натпреварот ЖРК Вардар-Будуќност ќе се одигра во недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19 часот.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button