Занимливости
РК Металург ќе игра во ЛШ
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на тимовите кои наредната сезона ќе играат во Лигата на шампионите.
Македонија и во сезоната 2015/2016 ќе има два претставника во елитното натпреварување, покрај Вардар чие учество не беше спорно, ЕХФ му додели вајлд-карта на Металург.
Извлекувањето на групите за новата сезона во ЛШ ќе биде извршено на 26 јуни во Виена.
Група А и Б
Кил, Веспрем, Колдинг, Вардар, Киелце, Загреб, Барселона, ПСЖ, Рајн Некар, Кристајнштад, Целје, Бешикташ, Монпелје, ПИК Сегед, Висла, Флезбург
Група Ц и Д
Шафхаузен, Татран Прешов, Мешков, Чеховски медведи, Натурхаус Ла Риоха, Војводина Мотор Запорожје, Порто, Баја Маре, Металург, Скјерн.
Квалификации
Алпла Хард, Борац Бања Лука, Лимбург, Елверум.