КОНТРОВЕРЗНА МАЈКА: Во бременоста се хранела само со банани
(Фото: Инстаграм) Инстаграм сензацијата Лони Џејн Антони (25) не се грижи за мислењето на новите мајки и младата Австралијанка тврди дека нејзината специфична исхрана и помогнала да ја преброди бременоста без да се здебели.
Тајната на специјалната диета се базира главно на 20 банани на ден поради што многумина ја критикувале и ѝ велеле дека поради својата суета и изглед го загрозува здравјето на своето бебе.
– За време на бременоста качив 17 килограми, но во главно тоа беше бебето и течностите. Два дена по породувањето изгубив 10 килограми, а остатокот ќе го решам со јога и велосипедизам, изјавила младата мајка тврдејќи дека за целата бременост била многу здрава.
Уште минатата година, нутриционистот Шона Вилкинсон заклучила дека нејзината диета не е нешто што би им го препорачала на жените за време на бременоста бидејќи избегнувањето на протеини и масти во најмала рака е загрижувачки.
(Телеграф.мк/Индекс.хр)


