Седум видови храна што предизвикуваат непријатни мириси
Непријатната телесна миризба претставува препрека за нормална интеракција во секојдневието, а најчести причини за нејзина појава е внесувањето на одреден вид храна. Иако експертите наведуваат различни причинители, сепак сите се согласни дека храната е една од најголемите причини за оваа појава.
1. Млечните производи
Богати се со протеини, а ако премногу се внесуваат во организмот, настанува проблем со варењето. Тогаш се ослободува водород сулфид и метил меркаптон по што се чувствува и непријатниот мирис.
2. Брзата храна
Прекумерното внесување на брза храна, особено ако не се вежба, доведува до создавање на масни клетки во телото што е главна причина за прекумерно потење и непријатен мирис.
Истовремено се појавува и непријатен мирис од устата, бидејќи тој вид на храна се вари побавно од здравата храна. Маслото, шеќерот и солта не се добри за организмот доколку се внесуваат неконтролирано.

3. Црвено месо
Црвеното месо најтешко се вари, а доколку претерано се консумира, доведува до прекумерно потење. Вегетаријанците го немаат овој проблем, бидејќи не јадат месо, но затоа го чувствуваат ова поради одреден зеленчук кој ги предизвикува истите проблеми.
4. Премногу зачинета храна
Премногу зачинетата храна може да доведе до појава на прекумерно внесување на сулфур, кој подоцна од организмот се отстранува низ кожата и дишењето. Поради тоа обидете се да јадете балансирана храна што не содржи премногу зачини, особено не лук.

5. Алкохол, чоколадо, чај, кафе и газирани пијалаци
И овие намирници, кои се дел од нашето секојдневие, предизвикуваат непријатна миризба бидејќи организмот не може да ги обработи, ова особено важи за алкохолот.
6. Цигарите
Не спаѓаат во храна, но димот од цигарите, измешан со телесните мириси, создава непријатен мирис специфичен и препознатлив за пушачите, а може да се почувствува од облеката, кожата и косата.
