Како против грлоболката?
Понеделник, 02 Декември 2013 22:02
Зима е време на настинки и грипови. Во Зима, посебно внимание треба да посветите на превенцијата од болести, но доколку сепак се разболите, важно е да знаете како да излезете посилни од болеста. Ви откриваме неколку совети со чија помош полесно ќе ја победите грлоболката.

Морска вода- Веројатно морската вода не ви е при рака, но спреевите за нос на база на морска вода ќе ви помогнат да ги ублажите симптомите на болки во грлото.
Јаболков оцет- За да направите совршен напиток против болките во грбот, во чајот додајте мед и оцет.
Куркума- Куркумата има силно противупално дејство, му дава сила на имунитетот и го чисти телото. Секојдневно пијте по една чаша чај од куркума бидејќи е многу здрава.
Инхалација- Инхалацијата односно парењето, ќе ви помогне да ги исчистите дишните патишта. Направетечајод камилица или ментол и вдишувајте.
0 Коментари