Занимливости

Имате студени раце и стапала? Тие укажуваат на 4 здравствени проблеми


Имате студени раце и стапала? Тие укажуваат на 4 здравствени проблеми


Студените прсти на рацете и нозете почесто се јавуваат кај жените и ова е сосема нормална појава, но не смее да се игнорира.

imate-studeni-race-i-stapala-tie-ukazuvaat-na-4-zdravstveni-problemi-01.jpg

Доколку забележите дека веќе неколку денови имате студенило по рацете и нозете, проверете ги овие 4 здравствени проблеми:

Анемија

Покрај студените раце и нозе, најчести симптоми се заморот и главоболката, па ако имате 2 од овие 3, добро е да го проверите железото во крвта. Недостатокот на кислород е главен виновник кој ве доведува до ова студенило.

Дијабетес

Чувството на студенило и трнење во рацете и стапалата е прв знак на дијабетес. Шеќерната болест остава последици на крвотокот и нервниот систем, па не би било лошо да ја проверите здравствената состојба.

Проблем со тироидната жлезда

Забавената работа на тироидната жлезда доведува до спор метаболизам кој се одликува со студенило во екстремитетите. Заморот, летаргијата, поспаноста и забавениот говор се само уште дел од симптомите кој може да следуваат.

Стрес

Стресот е најчест причинител за студенило. Тој го зголемува производството на адреналин кој ги стега крвните садови. Со самото тоа циркулацијата е сведена на минимум.

Прва помош против студени екстремитети

Добар совет е да ги спуштите рацете и нозете и благо да ги протресете. Доколку сакате да го решите проблемот на подолгорочен период, консумирајте здрави намирници и практикувајте физичка активност.

Би можело да ве интересира:
Како изгледа Чикаго под мраз?Како изгледа Чикаго под мраз?…
Северна Америка е потполно замрзната, температурите се спуштаат и до -50 степени, но ова поларно сту…
Вежбајте јога дома со 12 лесни чекориВежбајте јога дома со 12 лесни чекори…
За сите кои сакаат да вежбаат јога, а немаат време да одат на часови, ова се 12 едноставни чекори за…
6 начини за природно зголемување на градите6 начини за природно зголемување на градите…
Голем број од девојките и жените не се задоволни со големината на своите гради, па наместо да размис…

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button