Вознемирувачко видео: Погледнете како кокаинот го уништува срцето!
Ова вознемирувачко видео прикажува како срцето чука, извадено од телото на пациент кој бил долгогодишен зависник од кокаин.
Срцето е три пати поголемо од нормалното и откако било извадено од телото, чукало уште 25 минути, што е невозможно за нормална срцева пумпа која би се одржувала само околу 60 секунди без кислород пренесува Telegraf.rs.
Пациентот консумирал кокаин 15 години, и во тој период срцето целосно му се оштетило и деформирало.

“За да нема забуни, пумпата пулсира целосно нерамномерно и вака срцето не би можело да ја одржи личноста во живот. Срцето е извадено бидејќи на пациентот му беше неопходна трансплантација”, рекол др. Клаус Вит, кардиохирург од Лидс, пренесува Daily Mail.
“Тоа срце не чука. Тоа не може да се нарече чукање, бидејќи тоа не се нормални контракции. Кокаинот го прави спротивното од секој лек кој го препишувам на пациентите со болест на срце. Тој ја забрзува работата на срцето, крвта ја прави леплива, ја менува хормонската слика на организмот и води кон инфаркт или мозочен удар”, заклучил Вит.

Консумирањето на кокаин има сличен ефект како инјекцијата со адреналин. Се чувствувате возбудено, како да сте на врвот, но тоа чувство не вреди за да го оштетите вашето срце.
Вистина е дека некои луѓе може да го консумираат долго и да ги немаат споменатите проблеми, но вистина е ѝ тоа дека со само едно консумирање на кокаин можете да предизвикате катастрофални последици.