Гаќи кои спречуваат мирис од прдење
Рекламата навистина привлекува со тврдењето дека мажите и жените се срамат да испуштаат гасови еден пред друг. Толку многу што е создаден нов бренд на долна облека креирана да помогне на двата пола да може да испуштаат гасови кога ќе почувствуваат, пренесува британскиот весник Express.
Фирмата Shreddies креирала, како што тие опишуваат, „наградена облека за филтрирање при подуеност ” која осигурува олеснување од надуеност без мирис.
Точно, добро прочитавте. Може да испуштате гасови без грижа дека вашата втора половина ќе почувствува мирис. (Ништо не е споменато за пригушување на бучавата, но тоа ќе биде следната креација).
– Без разлика дали страдате од прекумерни гасови, или пак само сакате да се осигурате од миризбата при надуеност, Shreddies е совршено решение за вас, се вели во рекламата на нивната веб-страница
Како функционира? Па, Shreddies тврди дека нивната долна облека содржи Zorflex активен јаглен на задниот панел кој ги апсорбира сите мириси.

Веста доаѓа само неколку месеци откако беа измислени гаќи кои задникот ви го прават поголем.
И не грижете се – тие не се само за еднократна употреба, се вели дека ткаенината останува ефикасна да впива мириси до две – три години.
– Осигурајте се дека не постојат празнини околу половината или околу отворите кај нозете и гаќите добро да бидат затегнати на кожата, советува производителот.
Разбравте? Пробајте ги ако сакате.
Подготви: А.Ј.
