„СИЛУЕТЕ“: Со нашите третмани Драгана симна 25 килограми
Драгана Јанакиевска е само една од милионите девојки што се незадоволни од својот изглед и од вишокот килограми. Овој проблем не е непозната во светот на жените, но само упорните успеваат да го решат. Основачот на „Силуете“, Мелина Милески, заедно со стручниот тим, ја има најголемата заслуга во случајот на Драгана. Тие успеаја за само три месеци кај неа да намалат 25 килограми. Можеби звучи неверојатно, но кога ќе се погледнат фотографиите на Јанакиевска пред третманите и потоа, се добива впечаток дека не се работи за иста девојка.
Таа во разговор ни откри дека по намалувањето на килограмите и затегнувањето на кожата, драстично ѝ се променило расположението, станала повесела и добила поголема самодоверба.
(Фотоколаж/Телеграф.мк)
Нејзината среќна приказна започнува од нејзина пријателка, која ѝ препорачала да се обрати во центрите за убавина „Силуете“ и да се обиде да ги тргне вишокот килограми засекогаш.
– И мојата пријателка имаше проблеми со телесната тежина и откако ги почна третманите, имаше видливи резултати. Затоа и дојдов, да се обидам да си го подобрам изгледот и на здрав начин да ги намалам килограмите. Претходно се обидував и со одење во сала за вежбање, но многу тешко ми одеше тој избор. Кога дојдов во „Силуете“, морав да одберам режим на исхрана, а не строга диета, не ги сакам ригорозните правила. Во комбинација со пакетот третмани го постигнав резултатот што го посакував – раскажува Драгана.
Центар за убавина Силуете (Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов)
Интензивни третмани
По одредувањето на пакетот, кој Драгана сè уште го користи, стартувале интензивните третмани по принцип: два дена третмани, третиот пауза. Како што вели Јанакиевска, тоа бил најдобриот избор.
– Кога се прави пауза од еден ден меѓу третманите, резултатите се поефикасни. Во еден ден имав два третмана, ги комбиниравме за да може да се топат маснотиите, да се дејствува против целулитот и да не се дозволи да виси кожата, туку да биде мазна и зацврстена – вели Јанакиевска.
(Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов)
Првите три недели симнав пет килограми
Јанакиевска е висока 175 сантиметри, па дури и да има некој килограм плус, не би се забележувал, но кога станува збор за навистина прекумерна тежина, ниту една висина нема да ја прекрие.
Пред да ги започне третманите, таа имала точно 100 килограми.
– Имав околу 100 килограми, а сега имам помалку од 80. Кога почнав да доаѓам тука, почнав да си ја враќам самодовербата со самото тоа што почнаа килограмите да се намалуваат. Првите резултати ги видов за три недели, кога симнав околу пет килограми. Користевме микрокомпјутер, слимтон, криолиполиза, комбинирани третмани за да може да се намали обемот и да се затегне кожата – вели Драгана.
Силуете (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)
Ми се врати насмевката
Вишокот килограми се проблем за секого, а за девојка на дваесет и нешто години може да бидат главна причина за нерасположение. Драгана вели дека додека ги имала непотребните килограми, била повлечена, срамежлива и со чувство дека постојано се крие.
– Се чувствуваш разочарано, се срамиш од сопственото тело, се криеш, но затоа сега сум весела, постојано насмеана. Со ослабнувањето значително ми се подобри социјалниот живот, почнав повеќе да се дружам со пријатели, повеќе да излегувам и се чувствувам посреќна, со повеќе самодоверба – вели таа.
(Фото: Телеграф.мк/Тоше Огњанов)
И исхраната е важна
Комбинирањето на третманите со правилна исхрана не може да не вроди со вистински резултати. Иако Драгана напомена дека не ги сака строгите диети, таа од секојдневното мени исфрлила неколку продукти.
– Престанав да јадам леб, да пијам какви било сокови, блага храна, како и алкохолни пијалаци, освен ако има некоја поважна прослава, тогаш можам да се почестам. Но пијам многу вода, а ги зголемив дозите со зеленчук и овошје – раскажува Драгана и вели дека откако ги симнала килограмите, продолжува да го одржува телото, а се навикнува и на здравата исхрана како нејзин стил на живеење.
(Телеграф.мк)