Занимливости
ИСТРАЖУВАЊЕ: Од марихуана растат гради
Марихуана (Фото: Burkelawvt.com) Пушењето на марихуана ги зголемува градите, но ова важи само за машката популација, тврдат специјалистите по пластична хирургија.
Името, канабисот или марихуаната ја уништува рамнотежата на естрогенот и тестостеронот, па на тој начин може да се предизвика и намалување на тестисите кај мажите, а тоа ја зголемува опасноста од абнормална сперма.
Д-р Антони Јоун, хирург по пластична хирургија од Детроит вели дека канабисот значително го намалува тестостеронот кај мажите што доведува до создавање на вишок ткиво на градите.
Од сите пациенти кои побарале отстранување на вишокот ткиво на градите, речиси 80 отсто биле редовни уживатели на марихуана, тврдат американските специјалисти.
(Телеграф.мк)