ИСТРАЖУВАЊЕ: Додатоците со тестостерон ги прават мажите мета на вируси
(Фото: SXC) Ново истражување покажува дека оние претставници на посилниот пол, кои се мажествени и имаат повисоко количество тестостерон во организмот, се повеќе склони кон настинки.
Научници утврдиле дека мажите генерално имаат послаб имунитет отколку жените, затоа што тестостеронот не им дозволува да се борат ефикасно со вирусот. Професор Марк Дејвис, кој е раководител на истражувањето на универзитетот ”Стенфорд ” во Калифорнија, открива зошто се јавува оваа разлика, објаснувајќи ја со еволуцијата.
Водечката функција на мажите низ вековите бил ловот. Поради оваа причина тие често се бореле со инфекции и повреди што го оптоварило нивниот имунолошки систем . Тоа од своја страна предизвикало автоимуна болест, при што телото се напаѓа самотосебе.
(Фото: 965malls.com)
Научниците, како што пренесува „Дејли мејл“ при истражувањето инјектирање посебна вакцина против грип која содржела мала количина од вирусот, во телата на 53 жени и 34 мажи. Тие забележале дека претставничките на понежниот пол реагираат подобро на вирусот, за разлика од мажите . А господата со повисоко количество тестостерон , биле уште повеќе беспомошни.
Професор Дејвис предупредува дека мажите кои земаат додатоци со тестостерон за подобри перформанси во кревет треба да внимаваат при употребата, за да не станат лесна мета на вирусите.
(Телеграф.мк)