Занимливости

Корисни совети од олимпијците што ќе ви помогнат за вишокот килограми

Овие лекции од олимпијците истовремено можат да помогнат успешно да ги намалите килограмите и да бидете поздрави. Нивната дисциплинирана исхрана се состои од три принципи кои секој од нас може да ги примени.

The Daily Beast одвои неколку корисни совети што можеме да ги научиме од спортистите.

1. Никогаш не го прескокнувајте појадокот

Спортистите се свесни дека им е потребна енергија за да достигнат поголем успех, а прескокнувањето на појадокот може да го загрози здравјето на мускулната маса и да влијае на менталната состојба.

Тоа значи дека појадокот не треба да се избегнува доколку сакате да имате висока концентрација додека сте на работа. Се препорачува појадокот да содржи сложени јаглехидрати, влакна, протеини и мала количина на масти. Како идеален појадок се посочува овесна каша збогатена со банана или јаболко.

Според студија објавена во Physiology and Behavior, внесувањето калории во утринските часови помага луѓето да ги намалат килограмите, за разлика од обилните вечери.

2.Ако не сте гладни, не јадете

Олимпијците разумно ги распоредуваат калориите, тие ретко користат намирници богати со масти и шеќери. Свесни се дека нивните потреби за калории се високи, а во брзата исхрана и слатката храна нема важни хранливи состојки.

Тие го негуваат телото со здрава храна која им дава енергија, витамини и минерали.

За да го постигнеме тоа, треба газираните пијалаци да ги замениме со вода или свежи сокови од овошје и зеленчук, белиот леб со интегрален, да додадеме повеќе зеленчук и да заборавиме на пржената храна.

3. Немојте да јадете како Олимпиец доколку не сте Олимпиец

На Олимпијците им се потребни до 5.000 калории што значи дека треба да земаат богати оброци, а благодарение на напорните вежбања, тоа не се забележува на нивниот изглед.

Затоа, во зависност од сопственото вежбање и движење можете да ја планирате вашата исхрана. Ако сакате повеќе да јадете тогаш запишете се на фитнес или вежбајте ги мускулите.

Тоа што е најважно да го знаете е дека ако сакате да јадете повеќе храна треба да имате повеќе мускули, односно повеќе да се движите.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button