ФОТО Како во поедини држави жените ги малтретираат за време на менструација
Организацијата „Femme international“ објавила мапа на државите во кои менструацијата во 21 век сѐ уште претставува табу тема. Иако ова е нешто што ѝ се случува на секоја жена во светот, одредени религии и земји на тоа гледаат на многу чуден начин. На девојките неретко им е непријатно да зборуваат на оваа тема, но во овие земји сигурно им е далеку потешко.
Венецуела
Во руралните делови на Венецуела, жените мораат да спијат во шатори за време на нивната менструација.
Гана
Во руралните делови на Гана, на жените им е забрането да поминуваат време во иста куќа со мажите, како и да му готват, сѐ додека им трае менструацијата.
Исламските земји
По исламската традиција, жените кои имаат менструација не смеат да се молат, да го допрат Куранот, ниту да постат.
Непал
Во зафрлените делови на Непал, на жените им е забрането да разговараат со кого било во текот на менструацијата, а тој период мора да го поминуваат во глинени куќи во шума, сѐ додека не им завршат оние денови.
Кенија
Жените од племето Масаи кои имаат менструација не смеат да молзат крави ниту да поминуваат време во шталата, за да не ги „заразат“ животните. Исто така, за време на траењето на циклусот, не смеат да консумираат млечни производи.
Индија
Во Индија жена која има менструација не смее да допира крави.
Југоисточна Азија
Во многу заедници во Југоисточна Азија, жените кои имаат менструација не смеат да користат вода од истата чешма како останатите, како другите не би се заразиле.
Подготви: К. А.

