Занимливости

Седум причини зошто денот треба да се почне со чаша вода со лимон

Обидете се наутро наместо со шолја кафе, денот да го почнете со чаша млака вода во која сте ставиле половина лимон. Водата не мора секогаш да биде млака. Ефектот ќе го забележите веќе по првата недела. Ви пренесуваме седум причини зошто утринското освежување со вода и лимон е добро за вас.

1. Поддршка на имунолошкиот систем

Лимоните се богати со антиоксиданти и витамин Ц што, општо земено, е еден од клучните витамини што се добри за здравјето на организмот. Лимонот ќе ве спаси од респираторни инфекции, а и ги смирува воспалителните процеси. Нашите мајки и баби знаеле интуитивно дека чајот и лимонот се одличен лек за грип или настинка.

Чашата млака вода со малку лимон кога се пие редовно, секое утро, може значително да ја намали можноста да се јави воспаление, бидејќи го зајакнува организмот.

(Фото: Foter)

(Фото: Foter)

2. Го алкализира организмот

Иако заради киселиот вкус би си помислиле дека лимонот е кисел агрум, тој всушност е еден од продуктите што најмногу помагаат за алакализација на организмот.

Овој жолт агрум во себе содржи аскорбинска и лимонска киселина што лесно се метаболизираат, притоа допуштајќи им на минералните состојки од лимонот да го алкализираат организмот.

3. Помага во варењето на храната

Флавоноидите во цитрусните овошја го подобруваат варењето на храната, а витаминот Ц дополнително го намалува ризикот од развој на чир на желудник.

(Фото:sheknows.com)

(Фото: Sheknows.com)

4. Ја чисти кожата

Витаминот Ц како и антиоксидантите во лимоните ја намалува штетата што ја прават слободните радикали. Слободните радикали настануваат најнапред заради УВ-зрачењата и токсините во околината, а одговорни се и за сите симптоми на стареење. Антиоксидантите „ја пеглаат“ штетата што ја прават слободните радикали, а водата со лимон ќе направи чуда со вашата кожа, бидејќи ќе помогне во исфрлањето на токсините од организмот.

5. Го забрзува зацелувањето

Аскорбинската киселина од лимонот помага во зацелувањето на раните и е есенцијален нутриент во одржувањето на ткивата да бидат здрави. Витаминот Ц исто така има и противвоспалителни ефекти.

Всушност, витаминот Ц е клучен нутриент за зачувување на здравјето и опоравувањето од стресот и повредите.

(Фото:shockinglydelicious.com)

(Фото: Shockinglydelicious.com)

6. Хидратизира

Ако го почнете секое утро со чаша млака вода и лимон ќе го забрзате метаболизмот и ќе се ослободите од токсините во текот на денот.

7. Енергизира

Лимонот ќе ви ја даде потребната енергија да ги истерате докрај сите дневни обврски, а ќе ви помогне и во намалувањето на анксиозноста и лошото расположение. Дури и мирисањето на лимонот има смирувачко дејство.

(Телеграф.мк/Извор: БХ-Индекс)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button