Занимливости
Рецепт: Летен колач со кајсии
Состојки:
4 јајца
1,5 чаша шеќер
2 чаши брашно
1 ќесичка прашок за печиво
1 чаша кисело млеко
100 мл масло
500 г кајсии
малку прашок за печиво
Подготовка:
Изматете ги јајцата, додадете го шеќерот (мерката е чаша од јогурт 180 мл), прашокот за печиво, маслото, киселото млеко и на крајот со лажица вмешајте го брашното. Тепсијата подмачкајте ја со малку масло, посипете го брашното, па отпосле сипете го тестото. Кајсиите исчистете ги и пресечете ги на половина, па така исечени наредете ги преку тестото.
Ставете ја смесата да се пече 30 минути на 180 степени.
Кога колачот ќе биде испечен и добро изладен посипете го со шеќер во прав.
Подготви: К. А.
Фото: BLESK PRO ŽENY/Zena.blic.rs
