Јадете диња за да се заштитите од сонцето
Летниот период е идеално време да уживате во вкусот на дињата. Ова егзотично овошје освежува, не дебели, и содржи многу витамини и минерали.
Дињата содржи многу вода (91 отсто), а има малку повеќе шеќер, па затоа не им се многу препорачува на дијабетичарите. Содржи и 1 процент растителни влакна, масти, протеини и сложени јагленохидрати. Во 100 грама диња има само 34 калории.
Ова овошје посебно им се препорачува на лицата со висок крвен притисок.
Растителните влакна од дињата го подобруваат варењето на храната и помагаат во намалувањето на телесната тежина.
Водата и калиумот од ова овошје помагаат во работата на бубрезите и помагаат во отстранувањето на штетните материи од организмот.
Сокот од диња, поради големата количина на антиоксиданси, му помага на организмот да се бори против штетните слободни радикали, кои ги оштетуваат клетките на кожата. Дињата и сокот од дињата штитат и од сончеви изгореници.
И еве еден народен лек: Облози од сок од диња се користат за намалување на болката. На болното место се става одлог од исцеден сок од диња или од изрендана диња.
Подготви:Б.В.
