Занимливости

Од пукањето на прстите ќе ви се тресат рацете кога ќе остарите?


Од пукањето на прстите ќе ви се тресат рацете кога ќе остарите?

За некои луѓе крцкањето на прстите е само обична навика, додека на други им носи необјаснето олеснување.

od-pukanjeto-na-prstite-ke-vi-se-tresat-racete-koga-ke-ostarite-01.jpg

Докажано е дека од 25 до 54 проценти од луѓето секојдневно ги пукаат прстите. Меѓутоа, постојат голем број на стари верувања дека на овој начин се трошат зглобовите и лесно се добива артритис.

Група научници конечно решија да го проучат ова старо тврдење и докажаа – артритисот, кој е воспаление на зглобовите, нема никаква врска со пукањето на прстите.

Во зглобовите има посебна течност која служи како подмачкување, а во таа течност постојат мали меурчиња воздух. Токму тие меурчиња пукаат, а не коските и зглобовите.

od-pukanjeto-na-prstite-ke-vi-se-tresat-racete-koga-ke-ostarite-02.jpg

На кратко, еве како се одвива целиот тој процес:

Во синовијалната течност се наоѓаат јаглерод диоксид, азот и кислород, па кога ќе направите движење кое предизвикува пукање, всушност го намалувате притисокот кој постои во зглобовите. Тогаш зглобовите се враќаат на свое место, синовијалната течност исто така, а самото враќање го предизвикува пукањето на меурчињата.

Што значи, спротивно на сите верувања, враќањето на зглобовите на свое место не е штетно, ниту опасно. Токму затоа голем број на луѓето чувствуваат пријатно олеснување за време на пукањето на прстите.

Во едно истражување од 2010 година се докажало дека артритисот се развил кај 18% од луѓето кои ја имале навиката за пукање на прстите, а кај 21,5% од луѓето кои ја немаат оваа навика.

Што значи, не ги слушајте вашите баби и дедовци и пукајте ги прстите ако тоа ви претставува олеснување!

Би можело да ве интересира:
Колку брзо и точно ќе одговорите на овие прашања?Колку брзо и точно ќе одговорите на овие прашања?…
За мало вежбање на мозокот и ослободување од секојдневните грижи, ви подготвивме мал, забавен спој о…
10 работи за животот кои може да ги научите од „Frozen“10 работи за животот кои може да ги научите од „Frozen“…
Aнимираниот филм „Frozen“ кој годинава го доби оскарот за најдобар анимиран филм и за најдобра ориги…
Трикови за брзо миење садови кои сигурно успеваатТрикови за брзо миење садови кои сигурно успеваат…
Миењето садови е вообичаено најомразениот дел од чистењето во домот. Сепак, постојат некои мали, но …

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button