Дали постои врска помеѓу пушењето и ‘рчењето?
Четврток, 25 Декември 2014 14:35
Постојат повеќе причини за ‘рчењето, но се поголема причина станува пушењето цигари. Сите знаеме за негативните ефекти од пушењето, но можеби не сте свесни дека може да предизвикаат и проблем со `рчењето.

Сигурно сега си помислувате дека ‘рчењето и не е некој проблем, но може да биде навистина иритирачки за тој што спие до вас.
Студиите покажале дека на хрчење не се изложени само активните пушачи, туку и пасивните. Чадот од цигарата е тој што го иритира респираторниот систем. Слузокожата на носот и грлото се најосетливите делови кои многу лесно се воспалуваат.
На тој начин се јавува пречка при вдишувањето и се јавува ‘рчењето. Во истражувањето се истакнува дека чадот од цигарата ги уништува и нервите, а на тој начин се попречува слободното движење на воздухот. Уништените нерви го продлабочуваат проблемот со ‘рчењето.
Останува прашањето, дали откажувањето од цигари ќе може да ја поправи штетата? Студијата потврдила дека оние луѓе кои прекинале со пушење, веднаш го намалиле ‘рчењето. Со текот на времето, потребно за да се обноват нервите и да се регенерира слузокожата, ‘рчењето потполно исчезнало.
Еве ви уште една добра причина да се откажете од цигарите, освен што ќе се заштитите себе, ќе ги заштитите и останатите околу вас. Иако жените поретко ‘рчат, сепак и кај нив се забележала ваквата појава.