Занимливости

Д-р Горица советува: Како да го задржите бронзениот тен после сончање?

Д-р Горица Давчевска – дерматолог, не советува како да ја заштитиме и како да го задржиме бронзениот тен после изложеноста на сонце.

Не е мал бројот на оние кои поголемиот дел од летниот одмор го користат за сончање со цел да добијат бронзен тен. На некои (оние со потемен тен полесно им успева), на некои (оние со посветол) потешко. Притоа се користат најразлични креми за потемнување. Но, прашањето е како да се сочува подолго саканиот бронзен тен после долгото изложување на сонце, како треба да се негува кожата после сончањето, ги советува д-р Горица Давчевска дерматолог, читателите на Точка:


– После изложување на сончевите зраци кожата е мошне сува и се препорачува специфична нега со цел да се сочува бронзената боја. Потребно е капење со хидрантни гелови за туширање или препарати кои се органски, а содржат природни етерични масла, со тоа се хидрира кожата и нема да биде сува и да ве чеша. Потребно е да се внесуваат 2-3 литри течности, овошја кои се богати со каротен, да се избегнува пилинг на кожата. Препорачливо е маслото од авокадо кое е богато со антиоксиданси да се нанесува додека е влажна кожата после туширање – вели д-р Горица.


Убавата боја која ја добиваме со сончање е прекрасна, но стареењето е неизбежно. Доволно е да ги видиме луѓето кои се постојано изложени на сонце, секогаш се изненадуваме кога ќе ни кажат дека се со години многу помлади од тоа како изгледаат.


Неразумното изложување на сонце предизвикува оштетувања кои се веднаш видливи. Kожата станува сува и побрзо се појавуваат знаци на стареење, но последиците кои се јавуваат подоцна знаат да бидат и многу позагрижувачки (појава на хиперпигментации, нови младежи и во најстрашна форма меланом) предупредува д-р Горица.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button