Занимливости
Очите го покажуваат крвниот притисок
Доколку досега бевте убедени дека изреката „болеста се гледа во очите“ е обична лага, цело време сте живееле во заблуда.
Лекарите одамна поставуваат дијагнози со помош на обичен преглед на очите на пациентот. Од црвените „крвави“ очи може да се прочита инфекција со вирусот херпес симплекс тип 1 или, пак, доколку имате висок крвен притисок.
Долготрајните црвени дамки на белките на двете очи можат да бидат знак на покачен крвен притисок. Тој предизвикува ширење на крвните садови, кои можат дури и да пукнат оставајќи црвени траги преку белите делови на окото.
Подготви: К. А.
