Чаша какао – чаша здравје
Сабота, 11 Јули 2015 09:15
Дали и вие ја имате оваа слатка и здрава навика понекогаш шолјата за кафе да ја наполните со какао? Афродизијак и лек за долговечност го опишуваат години наназад, а тоа само ја зголемува атрактивноста на овој производ од какаово дрво, богат со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси.

Какаото потекнува од топлиот Мексикански залив, па се до Бразил и Шри Ланка, каде опстојува во топлите прашуми до 20 сантиметри, а на плантажите кај што е кроено дури и до 6 метри.
Неверојатни 40 проценти од светското производство на какао доаѓа од Брегот на слоновата коска што значи секое второ чоколадо во светот е направено со него.
Какаото е всушност овошје и содржи антиоксиданси за 2 пати повеќе од црвеното вино и 3 пати повеќе од зелениот чај.
Богато е со есенцијални витамини, минерали и антиоксиданси. Содржи големи количини железо затоа се препорачува да го внесуваат луѓето кои се анемични. Какаото содржи железо дури повеќе од спанаќот и покрај за лечење на анемичноста, помага и при намалување на крвниот притисок. Исто така помага да не дојде до згрутчување во крвта
Дава енергија и е еден од најдобрите артикли што се препорачуваат за губење на килограмите.
Некои научници дури тврдат и дека го успорува стареењето, но сигурно е дека позитивно делува на мозокот. Топлото какао делува слично како да сте се напиле чаша вино, само што наутро нема да се разбудите мамурни.
Какаото изобилува со магнезиум и хром, а токму тие овозможуваат балансирање на шеќерот во крвта што значи какаото е совршено за дијабетичари.
Богато е и со цинк и омега 6 масни киселини.
За крај, направете си шолја какао, засладете го со шеќер што помалку можете, додадете малку млеко и уживајте!

