Боровинките ги „реновираат“ мускулите
Ако веќе започнавте со подготовките за облекување на костимот за капење, можеби треба да ги вклучите боровинките во својата исхрана. Имено, освен што можат да го намалат високиот крвен притисок, овие вкусни зрна можат да го олеснат закрепнувањето на мускулите по телесен напор.
Боровинките се вистински рудник на антиоксиданси, витамини и минерали, особено на калиум, фосфор и железо, и витамин Ц.
Ова специфично овошје го подобрува степенот на закрепнување на мускулите по вежбањето, а силата на контракциите и екстракциите на квадрицепсот, исто така, се подобрува.
Антиоксидантите од боровинките ги неутрализираат оксидативните оштетувања кои можат да доведат до деструкција на ткивата. Антоцијанинот, флавоноид кој на боровинките им ја дава препознатливата виолетова боја, се поврзува со многу здравствени благодати – превенирање на крвни заболувања, срцеви болести, регулирање на шеќерот и мастите, болести на уринарниот тракт, рак итн.
Подготви: К. А.