Занимливости
Брусницата го продолжува животот!

Брусницата е добра за одржување на здравјето на целиот организам, но може и да го продолжи животниот век, заклучија истражувањата на американските научници.
Според резултатите на ова истражување, брусницата може да го продолжи животот без оглед на тоа во која животна доба ќе почне да се консумира.

Научниците ги направија истражувањата врз муви и заклучија дека младите инсекти живееле 25 отсто подолго од мувите на кои не им била дадена брусница. Постарите муви на кои научниците им давале брусници, живееле за 30 отсто подолго.

Проучувајќи ги протеините во мозокот, експертите утврдиле дека корисниците на брусници имале помалку ќелиски оштетувања од стрес. Некои состојки на брусницата имаат заштитни антиоксиданти за организмот.
Познато е дека брусницата е добра во борбата против уринарните инфекции и бактерии.
