ЖЕЖОК ВИКЕНД ВО ПРЕТОР: Десетици девојки ќе тренираат на плажа
(Промо) Убавата фигура и стекнатата кондиција битолчанки и девојки од други градови во земјава ќе имаат можност да ја покажат викендов на песочната плажа во Претор, крај Преспанското Езеро.
Oваа недела во “Пица бар бич” со почеток од 9 часот ќе се одржи четвртиот Летен тренинг на плажа. Водач на тренингот ќе биде двократниот светски првак во екстремна одбрана и мајстор по боречки вештини Дијана Неделковска од академијата “ЗА НЕД ДО”.
Таа ќе се претстави со „Топ фитнес систем“ – уникатна фитнес програма која лично ја креирала по девет годишна макотрпна работа и истражување.
(Промо)
Бут кемп – специфична фитнес програма со поголем физички интензитет ќе ја води инструкторот Петар Христовски, зумба со Елизабета Стојаноска и пилатес со Марта Недановска Боцева.
-Целта ни е да покажеме и повторно да докажеме дека летото и плажата не смеат да алудираат само на хоризонтала и пасивен одмор. Напротив, спортската рекреација е можна и на сред лето и на плажа. Дури е и пожелна. Одржувањето на убавото и здраво тело трае 365 дена во годината, а не само неколку месеци пред годишниот одмор- вели Неделковска.
Бидејќи тренингот е на песок, учесниците можат да носат летни патики, но пожелно е да бидат боси. На тренингот можат да учествуваат девојки и момчиња, деца, па и повозрасни лица.
(Ж.З./Телеграф.мк)