Занимливости

5 необични особини кои сите сме ги наследиле од нашите родители

Од родителите ги неследуваме бојата на очите и косата, висината, обликот на носот и други физички обележја. Но, во морето на тие споредливи карактеристики ко луѓето често ги забележуваат и коментираат, се наоѓаат и некои необични особини, за кои веројатно не се ни претпоставувале дека се генетски.

СИНДРОМ НА КИВАЊЕ


Ве тера ли директното гледање во Сонцето на кивање? Или кивнувате два до три пати кога од мракот на кино салите излегувате во осветлена просторија? Во прашање е необичен синдром на кивање кој го наследуваме од нашите родители.


НЕ ПОДНЕСУВАТЕ АЛКОХОЛ


Ако после неколку испиени голтки црвно вино се чувствувате како да ве прегазил воз, заблагодарете им се на своите родители на ниската толеранција на алкохолот.


СТИСКАЊЕ ДЛАНКИТЕ


Прекрстете ги двете дланки заедно како да сакате да се помолите (без размислување). Како ви стојат паците? Повеќето луѓе ќе го стават палецот од левата рака преку оној на десната. Обидете се сега да ја замените положбата – чудно се чувствувате во таа поза, нели? Луѓето кои „природно“ ги држат дланките во оваа природна положба, го наследиле тоа од своите родители.


„ГЕН“ НА ПОПУЛАРНОСТ


Ако сте комуникативна, отворена и популарна личност во своето друштво и на работното место, можно е тој „ген“ на популарност да сте го наследиле од своите родители.


АКРОБАЦИИ СО ЈАЗИКОТ


Можете ли јазикот да го свиткате така што ќе направите тунелче? Верувале или не, но оваа моторна вештина ја немаат сите луѓе, а вам ви е пренесена од мајка ви или татко ви.

Read Full Article

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button