Еве зошто мажите сакаат постари жени

Но што точно ги прави постарите жени попривлечни за мажите? Еве кои се предностите на постарите жени:
Зрелост и доверба – Постарите жени внесуваат чувство на зрелост и самодоверба во врската. Таквите жени имаат многу повеќе искуство и се постабилни од помладите жени и тоа на мажите им создава чувство на пријатност. Исто така, помладите жени имаат навика почесто да ги менуваат мислењата отколку постарите жени. Зрелите жени знаат што сакаат и се многу поодговорни во управување со врската. Таквите жени носат повеќе животно искуство и со тоа го негуваат растот на својот партнер без всушност да ја преземаат улогата на господар во врската.
Постарите жени се забранети – Овој фактор ги прави попривлечни за помладите мажи. Нашето општество е навикнато да види постар маж со помлада жена отколку обратно. Нормалната тенденција на луѓето е да го сакаат тоа што не можат да го имаат што популарно се нарекува „забрането овошје“.
Помала конкуренција – Помладите жени имаат неколку мажи кои ги „сакаат“. Постарите жени во тоа нудат алтернатива. Исто така постојат многу слободни и атрактивни жени кои се нарекуваат „пуми“ и кои ловат помлади мажи на места како што се кафулиња или на интернет барајќи забавен живот на некој самец, а тие се најлесно освоиви.

Превземање на контрола – Младите мажи немаат многу иксуство со жените и можеби не знаат што да очекуваат од нив. Во врската многу помага кога еден партнер ја „превзема контролата“ бидејќи има многу повеќе искуство во тие ситуации. Многу луѓе исто така се согласуваат со фактот дека сексот станува многу подобар со текот на годините и врската со постар партнер од оваа страна е голема предност бидејќи постарите жени знаат што сакаат и знаат како да го задоволат својот маж. Постарите жени исто така во главно се грижат за заштита од бременост и земање на контрацепциски пилули.
Интелигенција и доверба – Луѓето со годините добиваат се‘ повеќе доверба. Многу мажи ги сметаат постарите жени атрактивни бидејќи се најмалку површни. Разговорот со постара жена може да биде интересен и интелектуален додека помладите жени повеќе се стремат кон тоа да бидат незрели, а понекогаш и плитки.
Независност – Поголемиот број на постари жени се финансиски независни и имаат успешна кариера. Мажите сакаат кога нивната жена е самостојна и кога сама се издржува така што тие не мораат да водат грижа за неа.
Потреба за мајчинство – Велат дека сите мажи имаат малку детско во себе. Постарата жена може успешно да ја исполни и таа потреба за машкото.
Привлечност и љубов – Некои го сметаат за чудно тоа младите мажи кои се опколени со жени на нивна возраст, пронаоѓаат постара жена која повеќе ги привлекува. Тоа е поради тоа што многу постари жени се попривлечни и во нив може да се пронајде вистинска љубов. Колку мажи можат да одолеат на жени кои имаат преку 40 години како што се Ума Турман или Мими Роџерс? Многу малку!

