БУШАВО: Влакнестите вагини повторно се во мода!
(Фото: Foter.com/marsmet532) Сè повеќе жени го прифаќа природниот изглед на својот венерин брег, а судејќи по истражувањата, сè повеќе мажи сакаат нивните партнерки да имаат дива природа кај нивните интимни делови.
По сè изгледа, на бразилската депилација ѝ дојде крајот. Тој тип „фризура“ кај меѓуножјето подолго време беше хит број еден во светот, имајќи предвид дека дури 51 процент од жените не ја обликува „косата“ во интимните делови воопшто, а 45 проценти не сакаат да ги депилираат срамни влакна.
(Фото: Foter.com/Soft Screams)
А дури 62 проценти од жените признале дека нивните партнери повеќе сакаат природен изглед. Истражувањето што го спровела фирмата „УК Медикс“ покажало дека и меѓу оние дами кои сепак го негуваат овој дел од нивното тело, дури 33 проценти се одлучуваат за бричење, 15 проценти за крем за депилација, а 27 проценти за професионално отстранување на влакненцата со восок.
(Телеграф.мк/ Телеграф/рс/B92)


