Љубов и секс

Вака изгледа сексуалниот живот на жените денес

Најновото истражување покажува дека во последните две децении женската сексуалност има доживеано вистинска револуција. Жените сега имаат двојно повеќе врски со мажите отколку пред 20 години.

Истражувањето на тим научници од Универзитетскиот колеџ Лондон во кое учествувале 15.000 возрасни лица открива дека луѓето денес имаат поретко секс отколку пред 10 години. Како главни причини се смета фактот дека луѓето денес многу повеќе работат и имаат помалку време.

Мажите и жените на возраст од 16 до 44 години во просек имаат секс трипати неделно, додека во 90-тите години тоа го правеле петпати неделно.

Просечната жена денес има најмалку 8 партнери, додека мажот околу 12 партнерки. Високо образованите мажи и жени се повеќе авантуристички настроени, додека мажите дури четири пати почесто експериментираат со други жени отколку што тоа го правеле пред 20 години.

Сексуалниот живот на жените е послободен, тие сега имаат двојно повеќе врски со мажи отколку пред 20 години, открива најновото истражување.

„Промените во однесувањето на жените во последните 20 години се чудесни. На некои подрачја во сексуалноста целосно е видливо преземањето на доминацијата, односно жените го прават тоа што го сакаат. Промените се највидливи кај образованите жени“, објаснува професорката Кеј Велингс од London School of Hygiene and Tropical Medicine.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button