Љубов и секс

Оваа работа жените би ја одбрале пред сексот

Што им е поважно на жените од сексот? Според истражувањето кое го пренесе Huffington Post, кога жените би требало да бираат помеѓу сексот и „време за себе“, тогаш би го одбрале второто.

Дури 76% од анкетираните жени би сакале да бидат малку оставени на мира, односно да се ослободени од секојдневните обврски како работа, деца, домашни обврски. Токму затоа она слободно време кое им преостанало за себе, повеќе го ценат од сексот.

Ова се должи на фактот што жените навистина имаат малку време кое можат да си го посветат себеси во текот на денот. Дури 42% од анкетираните жени одговориле дека имаат помалку од еден час во денот кој можат да го посветат себеси. Со цел да го издвојат тоа време, 75% од нив изјавиле дека кажуваат „бели лаги“ за да добијат некој час.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button