Љубов и секс

ИСТРАЖУВАЊЕ: Љубовта сепак се купува со пари

Според истражување на компанијата „Минтел“, парите можат да ја купат љубовта, при што истражувачите заклучиле дека што повеќе заработувате, толку е поголема шансата да пронајдете партнер.

Истражувањето што го спровела компанијата покажало дека лицата што заработуваат повеќе имаат поголеми шанси да се вљубат, и тоа дури четири до пет пати во текот на животот, а лицата што помалку заработуваат поретко и се вљубуваат, па со самото тоа потешко пронаоѓаат партнер.

Студијата покажала и дека луѓето од сите сфери на животот во денешно време имаат повеќе партнери отколку пред неколку години, а на таков став ги охрабрува сè попопуларната култура.

(Фото: SXC)

(Фото: SXC)

Научниците откриле дека луѓето се понаклонети да заземаат научен пристап при пронаоѓањето партнер со користење интернет-страници за запознавање, кои ги поврзуваат луѓето со исти интереси, па така случајната и судбинска љубов е сè поретка.

Токму тоа објаснува зошто многумина ја изедначуваат љубовта со нечија финансиска ситуација.

Аналитичарот Ричард Куп од „Мантел“ вели: „Фактот дека парите се изедначени со успехот во љубовта е многу интересен бидејќи сè повеќе луѓе плаќаат разни услуги кои им помагаат во пронаоѓањето партнер. Едноставно, луѓето со повеќе пари имаат и поголеми можности на користење на тие услуги и со самото тоа повеќе успех во пронаоѓањето партнер“.

Историски гледано, партнерите досега ги запознававме или на работното место или во ноќните клубови, но денес бесплатните интернет-страници за пронаоѓање партнер се наоѓаат на врвот на пописот. Дури третина од испитаниците барале љубов преку интернет, а тоа е дури и изедначено со запознавање партнери преку заеднички пријатели.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button