Што мажите не знаат за жените?
(Фото: Јутјуб/whatever) Мажите ги бие глас дека немаат баш разбирање за понежниот пол и дека воопшто не обрнуваат внимание на потребите на жените, што не е чудно доколку се погледнат резултатите од едно истражување.
Изненадувачки се резултатите од истражувањето во кое учествувале мажи кои се во долги врски или во брак, а немаат поим со кого живеат. Да видиме што мажите не знаат за своите партнерки:
54 отсто од мажите не го знаат бројот на мобилниот телефон на својата партнерка, а исто толку не знаат кој ѝ е омилен пејач или песна.
39 отсто од мажите не го знаат точниот број на градникот на својата сопруга.
35 отсто од мажите не се сеќаваат кога точно ја запознале својата партнерка.
23 отсто од мажите не знаат кој број на обувки носи партнерката, а исто толку не го знаат ни конфекцискиот број на облеката.
20 отсто од испитаниците не знаеле која е најдобра пријателка на нивната партнерка, ниту пак дали на нешто е алергична.
11 отсто од мажите не знаат која е природната боја на коса на партнерката.
10 отсто не знаат како точно се вика местото каде што работи нивната сопруга.
Пробајте да го тестирате вашето момче или сопруг за да откриете колку добро ве познава. Резултатите може да бидат интересни.
(Телеграф.мк/Извор: Metro portal)


