Љубов и секс

Мислите дека сите ве гледаат во гради? Во право сте!

Не е изненадување ако се каже дека мажите кај жената прво ги забележуваат градите. Но, истражување покажа дека на истото место „залутува“ и погледот од жените, додека лицето на девојката или жената е на второ или трето место, потоа половината.

На Универзитетот во Небраска, САД, биле ангажирани 65 испитаници (29 жени и 36 мажи). Ним им биле дадени 30 фотографии од жени на различна возраст и со десет типови тела и големина на гради. Притоа, со посебен уред било следено движењето на очите.

(Фото: thechive com)

(Фото: Thechive com)

Резултатот што го добиле ги изненадил испитувачите. Жените и мажите, еднакво, прво погледнувале кон градите на девојките од фотографиите, па кон нивната половина, нозето и на крај кон лицата и очите.

Многу повеќе време се задржувале врз градите ако се тие големи, а исто толку вниманието го привлекувале и тенки половини и широки колкови.

Спротивно од Американците, во британска студија се тврди дека 70 проценти од мажите прво погледнуваат кон очите на жените, а потоа кон нивните тела. Сепак, тоа истражување се засновало на искази од испитаниците, а не од фактичко следење на движењето на очите.

(Фото: SXC)

(Фото: SXC)

Очигледно, луѓето не сакаат да си признаат дека облините кај жените им се секогаш попривлечни отколку нивното лице и очи.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button