Неколку начини како да ја надминете љубомората
Неколку начини како да ја надминете љубомората
Колку и да имаме доверба во нашиот партенер, секогаш постои ситуација каде се јавува љубомората. Во секоја врска или брак, нормално е да постои љубомората во онаа блага форма. Но што кога таа прераснува во стрес и оди дотаму и ја уништува врската или пак бракот?

Во продолжение, прочитајте неколку начини на кои би можеле да ја надминете љубомората:
1. Заборавете на поранешните искуства – доколку еднаш сте изгубиле доверба не значи дека повторно ќе се случи тоа. Доколку во сите партери си барате причина за љубомора, тогаш запрашајте се себеси зошто е тоа така.
2. Не избрзувајте – дури и ако сте слушнале нешто, не донесувајте заклучок веднаш. Обично луѓето зборуваат сешто, па затоа најпрвин дознајте ја вистината.
3. Комуницирајте отворено – и вашата врска ќе дожививее процут. Доколку отворено кажете што ви пречи и обајцата си поставите некои граници, сè додека ги почитувате нема да имате потреба за љубоморни сцени.
4. Советувајте се од двојките кои се заедно подолго време – проучете го начинот на кои тие комуницираат меѓусебе, начинот на кои се поврзуваат, колку често се слушаат и слично. Преку нивните постапки и совети, со сигурност ќе изградите здрава врска.
5. Почитувајте се себе – љубомората најмногу се појавува поради тоа што не се цениме себе доволно. Вреднувајте се повеќе и минимизирајте ја љубомората со тоа што ќе се насочите кон други активности.
Не се обидувајте да ја исфрлите целосно љубомората од вас, сепак нејзиното постоење е доказ за здрава врска. Имајте на ум дека љубомората ја насочуваме кон личности кои не би сакале да ги изгубиме во ниеден случај.
Денес е позната модна дизајнерка и модна икона, а во 90тите беше дел од женска група која зад себе и…
Надвор од Банкок, постои еден мал, но неверојатен пазар за храна каков што не сте виделе никаде во с…
Само неколку мали навики може да направат голема разлика во линијата и здравјето на секој човек, а т…
