Љубов и секс

Ако не ве буди аларм: Вибратор будилник – разбудете се со оргазам!

На Земјата моментално живеат околу седум милијарди луѓе, а најголем дел од нив го мразат утринското будење, особено ако се работи за некоја иритантна мелодија. Па зошто тогаш ова доживување да не го направиме удобно?

Запознајте го Little Rooster (малиот петел).


Концептот на класичниот будилник не се менувал со годините: имаме аналоген и дигитален часовник, го местиме да ѕвони во одредено време, го преколнуваме денот кога сме се родиле и доаѓаме во ситуација да се разбудиме во шест часот наутро.


Разни иноватори се обидуваа малку да ја зачинат цела таа приказна за будилниците и да ја направат интересна (како загатка која мора да ја решите за алармот да престане да ѕвони), но всушност нештата не се премногу променети, и будењето се’ уште ни претставува одвратно искуство.


Меѓутоа, Британецот Тони Мегс во 2011 година смислил одлично решение. Тој направил апарат кој го нарекол Little Rooster, и тргнал во освојување на светот.


Тоа што го прави овој будилник толку посебен, е фактот дека всушност се работи за вибратор кој жената пред спиење го става во гаќите, а наутро се буди со лесно и удобно вибрирање, кое на крајот ја води до оргазам.


Оваа играчка, која веруваме дека ќе развесели многу дами ширум светот, доаѓа во три бои: бела, розева и виолетова, а можете да ја нарачате и преку интернет за 69 долари.


Играчката за секс на Мегс за многу кратко време станала хит, а на крајот од минатата година се обидел да ја лансира кампањата Indiegogo Crowdfunding за машка верзија на вибраторот, но цел проект завршил како едно големо фијаско.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button