Љубов и секс

Лекар, пекар, аптекар – кој најчесто се разведува?

Лекарите почесто се разведуваат од инженерите, покажува британска студија според која професијата има влијание дали ќе имате среќа во бракот.

Во најризичната категорија, како што се наведува, се танцувачите, кореографите, бармените и терапевтите, со 40 отсто шанси да се разведат. Болничарите и медицинските техничари, уметниците и спортистите се одма зад нив со 30 отсто шанси да им се распадне бракот. Најмалку се загрозени браковите на инженерите, со два отсто ризик. Во студијата се наведува дека бројот на работни часови, како и прекувремената работа, немаат големо влијание врз бракот. Во студијата се анализирале разведени парови од 449 различни професии. 

Директорот на агенцијата „Rilejšen i Performans“, Хамид Агини, сепак смета дека не сите професии се застапени во оваа студија, туку оние каде што разводите се честа појава, меѓу кои се професиите политичар, директор и новинар. 

(Телеграф.мк)

 

 

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button