Жените кои глумат оргазам повеќе се наклонети кон неверство
Илустрација (Фото: Foter.com) Ако ја „фатите“ вашата дама како глуми оргазам, најпрво запрашај се, зошто тоа го прави, а потоа дали позади тоа стои некој друг „човечки фактор“.
Лажниот оргазам не е само показател дека во врската нешто не е како што треба, туку може да биде јасен знак дека жената е неверна. Неодамна спроведено истражување покажува дека жените кои се склони кон глумењето на оргазми, често имаат тенденција да бидат и прељубници.
Студијата која е спроведена во соработка со припаднички на понежниот пол покажува дека колку што 50 отсто од жените кои го лажираат оргазмот, тоа го прават за да не го повредат и разочараат партнерот. Сепак, тоа не само што негативно влијание врз односите и квалитетот на врската, но, исто така, ги потикнува жените да бидат неверни.
(Фото: Profimedia)
Иако мажите често се обвинети за глумење во креветот, жените се оние кои предничат кога станува збор за лажирање оргазам, но и покрај тоа не успеваат да ги надминат мажите на листата на неверства. Тие во оваа трка го завземаат непобедливото прво место.
(Телеграф.мк)



