Колкав дел од луѓето го одобруваат неверството?
Можеби со тек на време се добива впечаток дека луѓето стануваат сè полиберални во ставот кон љубовта и сексот, но според истражувањето кое го пренесе Daily Mail најголемиот дел од нив не би го оправдале неверството.

Според истражувањето, 70% од анкетираните жени и 63% од анкетираните мажи не го одобруваат изневерувањето. Поточно, анкетираните не ги оправдуваат излетите надвор од бракот, а под тоа подразбираат секс за една ноќ и афери.
Сепак интересно е што и покрај она што е наведено погоре, се зголемил процентот на жени кои сметаат дека сексот за една вечер е прифатлива и нормална работа. Според истражувањето, процентот на жени кои го одобруваат ова се зголемил од 5 на 13 проценти, споредено со истражувањата направени во почетокот на 90-тите.


