Љубов и секс
Знаеме дека имате слушнато “се’ и сешто” но овие секс совети вредат да им обрнете внимание

Од помислата на испланиран секс на многумина им се крева косата бидејќи сите едногласно се убедени дека спонтаниот секс е најдобар секс. Но по овие совети, можеби ќе го промените мислењето
Доколку сакате неверојатен оргазам
“Жената најсилно го доживува оргазмот еден ден пред почеток на менструација”, тврди Лори Вотсон, секс терапевт и советник за парови.

Доколку пак сакате сексот да трае подолго
Најдобро време за тоа е периодот помеѓу Божиќ и Нова Година, кога паровите поради празниците не работат. “Кога не сте под притисок поради работата и имате повеќе време за заеднички моменти полесно е да се опуштите и да уживате во сексот без брзање кој ќе трае и трае”, објаснува Теренс Вотс, психотерапевтка спцијализирана за психосексуалните проблеми.
Сакате да го изненадите вашиот партнер?
“Како што веќе најверојатно имате приметено, мажите се будат со ерекција. Па, наместо да ја чекате вечерта за секс, навите го алармот 10 минути порано и имајте секс веднаш по будењето, на брзина пред работа”, советува сексологот Ејми Левин.
Ако сте премногу зафатени…
Тоа нека биде викендот, кога немате обврски од работа и кога не сте толку исцрпени. Заедно земете пауза од бурната недела, уживајте и посветете се еден на друг. Ако сте родители, обидете се да ги договорите бабите и дедовците да ги почуваат вашите деца.

Прекинете ја рутината
Колку сте подолго време со партнерот/партнерката, толку во кревет ќе тежнеете да бидете покреативни. Мисионерската поза секоја сабота навечер може да здосади. За разбивање на монотонијата во спалната соба, Еми Левин предлага да го изненадите со секс во текот на ноќта. “Наместете го алармот во три часот наутро и изненадете го својот партнер. Сигурно нема да му смета што сте го разбудиле”, додава.

