Љубов и секс

СЕКСОЛОГИЈА: Мажите што гледаат „групњак“ се поплодни

Знаете ли дека постојат перики за женското меѓуножје? Тоа дури се смета и за арсенал на женската убавина. Но, тоа и не е најчудното нешто што го препорачуваат сексолозите.

Ако ви недостасуваат интригантни теми за опуштено вечерно дружење или сакате својот партнер да го импресионирате со знаење од секс-енциклопедијата, за почеток доволни ви се следниве факти.

Строго контролирано растење на срамни влакна

Сите влакна на телото имаат програма што овозможува строго ограничување на времето на растење. Поради тоа, срамните влакна бавно растат обично по три месеци од редовните депилации. Замислете што би се случило ако срамните влакна имаа потенцијал на растење како косата на главата.

(Фото: Foter)

(Фото: Foter)

Мажи што гледаат други мажи се поплодни

Мажите кои гледаат порнографија со една жена и неколку мажи се поплодни од мажите кои гледаат лезбијски порно-филмови или само голи жени. Научниците сметаат дека тоа се должи на биолошкото ниво на мажите во порно-индустријата. Гледачот го прифаќа тоа како конкуренција и неговото тело природно се стимулира да ги зголеми плодните капацитети.

Пингвините се наклонети кон проституција

Женките меѓу пингвините се наклонети кон проституција, дури и кога имаат партнер. Често го продаваат своето тело на други мажјаци во замена за материјални добра. Зоологот Фиона Хантер тврди дека пингвинките се нудат исклучиво на неспарените мажјаци за од нив да добијат материјални добра за изградба на гнездо. Понекогаш и изведуваат комплетен ритуал на заведување, сè додека не стигнат до посакуваната цел.

Перика за вагина

Најстарите перики за вагина датираат уште од почетокот на 15 век. Ги носеле жени кои практикувале отстранување на срамните влакна од хигиенски причини. Но, бидејќи влакната се сметале за убавината на женското тело, тие носеле перики. Исто така, со периките се прикривале и знаците на полови заболувања, а тоа го криеле проститутките. Денес се користат по филмските сетови за да се прикријат интимните делови на телото на актерката во разголени сцени.

(Телеграф.мк)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button