Што да очекувате од мажите во различен период од својот живот?
Секој период од животот си носи посебни предизвици, а под влијание на околностите човековиот карактер и однос се менува, што секако влијае и врз љубовните врски. Како и секој човек, грешките некогаш ќе ви се повторат, ќе научите од нив и ќе созреете. Но, треба да имате на ум дека самата возраст ви дозволува одредено однесување и постапки.

Но, што со очекувањата кои ги имате од спротивниот пол кога сте во различен период од својот живот?
20-тите години
Во 20-тите години ви е дозволено повеќе да се забавувате, да запознавате нови личности и секако ова е периодот кога ќе се спознаете себеси и ако сте доволно разумна личност ќе научите што сакате во една врска. Имајте на ум, дека секое излегување не подразбира и дека ќе имате секс. Очекувајте да ви биде скршено срцето барем еднаш и секако од овој период ќе си носите и по некој лош спомен кој ќе го помните целиот живот.
Што е добрата страна? Дваесеттите години се најубавиот период за потрага на партнер. Веќе не сте тинејџерка и можете многу подобро да ја видите реалноста. Тогаш и мажите се позрели и можете да започнете сериозна врска, наместо да имате кратки флертови.
30-тите години
Ова е периодот кога сингл жените ги фаќа најголема паника. Од една страна тоа, од друга страна во 30-тите години почнувате сериозно да си ја преиспитувате кариерата и може да ви се јави криза и на тоа поле, ако почувствувате дека не сте се реализирале доволно. Ако во 20-тите почнуваме да разбираме што сакаме, во 30-тите веќе треба со тоа одамна да имате расчистено. Ако не сте сигурни каков маж сакате да имате покрај себе дотогаш, вие не сте созреале.
30-тите години не се период кога треба да си го губите времето со мажи кои знаете дека не се за вас. Ова е и период кога треба да ја имате научено дека не можете да го промените мажот (еј, во 20-тите ви е дозволена ваквата илузија, но во 30-тите никако).
Ако не се снаоѓате добро со читањето на мажите, гледајте да ги запознаете неговите пријатели. Пријателите многу зборуваат за еден човек.
40-тите години
Во 40-тите години сите лекции треба да ви се научени. Тогаш го имате потребното искуство за да се справите со повеќето ситуации и го имате потребниот инстинкт за да пресудите во одредена ситуација.
Ако сте сама во овој период на животот, немојте да се фрустрирате. Животот не можете да го исфорсирате колку и да сакате, а работите некогаш со време си доаѓаат на место. Гледајте да ги проширите познанствата, тие се секогаш добра придобивка за приватниот живот.