Љубов и секс

Кои се професиите кои се смрт за бракот

Луѓето кои се занимаваат со одредени професии се повеќе склони кон развод од другите. На пример, здравствените работници почесто се разведуваат од инженерите, покажа истражувањето спроведено во Велика Британија.

Најзагрозени групи се професионалните танчери, кореографи, масери и келнери. Тие имаат 40 отсто шанси бракот да им пропадне. Во групата со висок ризик спаѓа и медицинскиот персонал, како што се болничарите, медицинските техничари, медицинските сестри, психијатрите, како и оние кои се занимаваат со помагање на постари лица и лица со инвалидитет.

Земјоделските инженери се најсигурни. Тие спаѓаат во само два отсто од случаите. При испитувањето се анализирани разведените или разделените парови од 449 различни професии.

Истражувачите откриле дека работењето во смени, прекувремената и работата за викенди не влијае врз брачната среќа.

(Телеграф.мк/Извор: МИА)

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button