Љубов и секс

Три необични причини од кои страда љубовниот живот

Иако повеќето самци се задоволни со својот соло статус, сепак на моменти посакуваат да влезат во врска. Тоа ќе се случи во вистинско време, но во меѓувреме треба да се биде отворен за сите можности.

single_woman

Постојат неколку работи кои нè спречуваат да ја најдеме љубовта, а тоа се:

Лошата работа

Ако поминуваме  8 часа на ден во лошо расположение поради работата која ја мразиме сигурно нема да бидеме исполни со позитивна енергија. Тоа е причината од која самите патиме, а потоа и нашите потенцијални односи со другите.

Недостиг на самодоверба

Иако на нашиот изглед не му недостига ништо, честопати сакаме да мислиме на спротивното. Недостигот на самодоверба е еден од главните проблеми кои спречуваат да бидеме отворени за љубовта. Кога самите се потценуваме, а другите ги преценуваме тогаш се губи храброста да се  пријде на личност од спротивниот пол.

Годините

Кога ќе се заврши некоја долгогодишна врска, многумина остануваат сами во раните триесетти. Тоа создава загриженост поради „староста“. Имено, сите ја правиме онаа пресметка „Сега имам 31 година, ќе запознам некој, ќе одиме три години пред да се венчаме… Колку години ќе имам кога ќе го родам првото дете?“

Во ред е да се планираат некои работи, но опсесивното размислување за одредени датуми навистина нема смисла. Ако сте премногу нападни и сакате да ги забрзате работите, тогаш сите ќе бегаат од вас.

Оставете ги настрана непотребните стравувања, бидејќи ништо во животот не се случува без причина.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button