Љубов и секс
Четвртина од жените не ги сакаат пријателите на партнерот
Кога водат љубов, жените се грижат дали изгледаат убавоЕдна четвртина од жените смета дека луѓето со кои другарува нивниот партнер влијаат врз неговото однесување, а понекогаш и на одлуките.
Во испитувањето жените наведуваат дека пријателите се однесуваат како тинејџери кои разговараат за неинтересни шеги. Секоја десетта жена истакнува дека пријателите на партнерот влијаат и врз нивниот заеднички живот.
Речиси 16 отсто признале дека се обидуваат да го спречат момчето, свршеникот или сопругот да се дружи со „несаканите“ пријатели, а третина од жените имале и измислени изговори со цел да ги убедат партнерите.
Жените како најчести причини ги навеле пиењето алкохол, доцните излегувања со пријателите, несериозноста, темите на разговор како фудбалот и слично.
(Телеграф.мк)
