Љубов и секс

5 митови за жените кои сакаат многу секс

Митовите за женската сексуалност константно се менуваат и дополнуваат, но и понатаму се работи само за митови и за застарени перцепции за жените кои уживаат во сексот и сакаат редовно да го практикуваат.

Мит: Жените кои имаат многу секс се лесни

Жените кои се впуштаат во секс без обврски имаат многу повеќе стандарди кога е во прашање партнерот за една вечер, во однос на она кога бараат материјал за врска. Ова е еден елемент на сексот за една вечер, кој многу се разликува кај мажите и жените.

Мажите ги снижуваат своите стандарди, кога бараат секс за една вечер, додека жените ги подигнуваат и бараат поубави, поуспешни и воопшто подобри партнери за сексот без обврски.

Мит: Жените кои имаат секс без обврски имаат проблем со самодовербата

Иако одредени докази покажуваат дека многу жени и мажи кои имаат одредени емотивни проблеми често се впуштаат во секс без обврски, во прашање е само спореден ефект, а не причина за проблемите.

Истражувањата покажуваат дека жените кои практикуваат секс за една вечер, ако водат здрав живот имаат многу повеќе самопочит и помалку проблеми со физичкиот изглед. Генералниот став дека некоја жена е „расипана“ ако отворено зборува и ја практикува својата сексуалност, многу повеќе зборува за тоа како другите луѓе го гледаат светот, отколку за неа, пишува Huffington Post.

Мит: Мажите се предодредени да имаат повеќе партнерки, а жените да бидат моногамни

Овој мит потекнува од застарените погледи за сексуалноста. Сепак не станува збор за биолошка предодреденост туку само за општествени норми во одредени периоди од историјата.

Мит: Жените кои имаат многу секс, не можат да имаат сериозна врска

Истражувањата покажуваат дека и мажите и жените сакаат да бидат во прегратка на личност што ја сакаат и со која можат да се поврзат. Истражувањата покажуваат дека жените најчесто изневеруваат поради тоа што се емотивно незадоволно од партнерот. Тие го прават неверството бидејќи сакаат да остварат подлабока врска со некој друг.

Мит: Жените денеска имаат повеќе секс отколку пред десетина години

Иако често се зборува дека живееме во ера во која жените почесто ги менуваат партнерите тоа едноставно не е точно. Едно истражување покажува дека жените на возраст од 15 до 44 години во 2002 година имале речиси ист број на партнери во однос на 2008 година.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button