Шест ситуации во кои не би требало да прифатите секс
Додека повеќето мажи и жени размислуваат за ситуации во кои ќе дојде до секс, ретко кој од нив размислува за ситуации во кои би требало да одбијат секс. Постои уште една работа за која треба да размислите – дали е во прашање сексуално искуство со личност со која на повидок е врска или станува збор за секс за една вечер. Goodmanproject.com наведува шест типични ситуации кога би требало да се одбие секс.

Под влијание сте на алкохол, дрога или лекови
Доколку одговорот е потврден, тогаш дефинитивно не е и не би требало да биде ваша вечер. Доколку сте пијани или сте под влијание на дрога, сексот не е добра идеја.
Вашиот партнер е пијан или е под влијание на нешто друго
Доколку не е добра идеја за вас, тогаш не е добра идеја ни за друга личност. Да се сексате со некоја личност која не е во состојба јасно да даде согласност е законска дефиниција за силување и ова би требало да важи за двата пола.
Сакате да ги импресионирате пријателите
Доколку сексот има врска со некој кој воопшто не се наоѓа во собата, тогаш воопшто не би требало да дојде до него. Не се работи за морал. Доколку сакате да се сексате со личност А за да ја импресионирате личноста Б, тогаш личноста Б е таа со која би требало да имате секс.
Вашата најдобра причина е „А зошто да не?”
Доколку ова е единствениот аргумент кој го имате кога е во прашање одлуката дали да имате секс, тогаш не сте подготвени за тој секс. Да се разбереме, во ред е да сакате да имате секс, но во тој случај треба да бидете искрени кон самите себе и кон другата личност. Исто така, имајте на ум дека постои голема разлика помеѓу „Сакам да имам секс” и „Зошто да не?”.
Не сте сигурни дали воопшто сакате да имате секс
Доколку имате сомнеж дали треба воопшто да имате секс со некого, тогаш најдобро е да почекате со одлуката. Со ова не мислиме на нервозата која се јавува при сексот со нов партнер, несигурноста поради тоа што ќе ве види без облека и слично. Доколку е во прашање некој со кого би можеле да бидете во врска, тогаш ќе имате уште прилики за секс. Доколку на партнерот не му е океј идејата да почекате, тогаш не ве почитува и нема смисла да се продолжи таква врска.
Како било кога последниот пат сте биле сами со таа личност?
Доколку сте се бакнувале и било убаво, можеби сте подготвени на следниот чекор, односно на секс. Доколку не сте под влијание на алкохол, дрога, вашите пријатели немаат врска со тоа, имате подобра причина од „Зошто да не?” и немате никакви сомнежи, тогаш веројатно сте подготвени за секс.


