Љубов и секс

5 делови на машкото тело кои жените ги обожаваат

Сподели

Има бројни анкети и истражувања кои се фокусираат на најсексапилните делови на женското тело според припадниците на посилниот пол. Но, за промена, интересно е да дознаеме на што најмногу „паѓаат“ жените кога станува збор за машкото тело. Анкетата ја спровел порталот Woman’s Health, а резултатите ги откриваат петте најпривлечни машки атрибути за жените.

5-delovi-na-mashkoto-telo-koi-zhenite-gi-obozhavaat5-delovi-na-mashkoto-telo-koi-zhenite-gi-obozhavaat-kafepauza.mk

1. V – линија

Атлетската градба кај која горниот дел од телото е нагласен со истакнато цврсто торзо котира на врвот на оваа листа по која жените си го губат паметот. Градите, пазувите и подигнатите рамена за жените претставуваат симбол на сила и машкост.

2. Вени на рацете

Цврстата подлактица со истакнати вени за жените е тотално неодолива. Ова остава впечаток на силен маж кој на својата партнерка може да ѝ пружи сигурност.

3. Широка вилица

Мажите со широко лице и нагласена вилица се вистински магнет за жените. Доминантните делови на лицето се одраз на мажественост, а женскиот интерес за нив истражувачите го опишуваат како природен нагон.

4. Долга коса

Машките со долга коса ја обележаа историјата. Долгата коса порано била одраз на моќ и сила со кои се одликувале некогашните кралеви и воини, до неодамна беше стил само на рокерите и моторџиите, но денес веќе е чест избор на познатите актери и пејачи. Враќањето на трендот на долгите коси е само по себе одговор на прашањето дали жените го сакаат овој машки адут.

5. Полни сочни усни

Сензуалноста на полните усни за жените е многу примамлива. Таквиот облик ја задоволува потребата на дамите за сензуални допири со усните и сочни бакнежи.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Related Articles

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top button