ИЗЈАВИ НА НЕВЕРНИ МАЖИ: „Јас ништо не направив“
(ФОТО: cdn.sheknows.com) Иако не постои вистински изговор за неверство, некои мажи се експерти во тоа да докажат дека тие не се виновни. Измислуваат разни изговори како тие се жртви со цел девојката да им прости. Главна причина зошто сите девојки некогаш простиле на ваков изговор е бидејќи тие се чиста класика.
1. „Бев присилен“
Секако дека не бил. Не е дете па да може да биде присилен на нешто, а не особено на секс со друга жена.
2. „Сè беше толку брзо“
Уште еден чест изговор на мажите дека се сè одвивало толку брзо што немале време да размислат. Не паѓајте на овој изговор.
3. „Јас ништо не направив“
Сигурно и ова сте го слушнале, вашиот дечко ништо не направил, туку другата девојка е виновна за се. Тоа само значи дека бил свесен за чувствата кои девојката ги имала кон него, а тој добро го искористил тоа.
4. „Само еднаш се случи тоа“
Кога момчињата извршуваат неверство ова е најчест изговор. Доколку дечкото е толку сигурен да спие со друга жена додека е со вас во врска, бидете уверени дека тоа го правел и порано и дека повторно ќе го направи.
5. „И ти мене ме изневери“
Доколку го имате изневерено вашиот дечко секако дека тој не треба да ви врати со истата мерка. Кога дознал за неверството можел да ве остави или да ви прости, а не тоа да му служи како изговор и тој да ве изневери.
(Телеграф.мк/Извор: Super Žena)




